Грузиски активисти на студиска посета во Македонија

Младински образовен форум во соработка со Фондација Отворено општество на Македонија и Фондација Отворено општество на Грузија организира студиска посета на 10 активисти од Грузија, иницијатива која е поддржана од East East Partnership Beyond Border Program.

Младински активисти и активисти од младинските организации, на петдневната организација ќе добијат прилика да се запознаат подобро со работата на македонские младински организации и искуства. Студиската посета ќе се одвива од 05ти до 10ти ноември 2013год, во кој период се организирани работилници со повеќе младински организации, на различни теми: Застапување за младински прашања низ НФО, истражување, активизам и медиуми – МОФ, Водење на младински онлајн медиум и истражувачко новинарство – РадиоМОФ, Водење на студентски медиум и студентски прашања – Излез, Интеркултурна интеграција и работа во мултикултурна средина – Центар за меѓукултурен дијалог – Куманово, Поттикнување и препознавање на волонтерството – Младински културен центар – Битола, Застпување и интеграција на членови и корисници – Сојуз на извидници на Македонија, Истражување и застапување – Реактор, Визуелизација на податоци и истражување – ИДЕА и Дизајн за активизам – Кома Дизајн Студио.

Останати теми кои ќе бидат опфатени на студиската посека се – мобилизација на институции и граѓани за младински политики, сексуални и репродуктивни права, Застапување за унапредување на позицијата на ЛГБТ заедницата и социјално претприемништво.

На 9ти ноември во 10:00 часот во ГЕМ Клубот ќе се одржи тркалезна маса на која ќе се дискутира за предизвиците и можностите на младината во активизмот и ќе има претставници од Националниот младински совет, ЛГБТ заедницата, Х.Е.Р.А. и ЦИРа.

Целта на оваа студиска посета е размена на искуства и знаења меѓу организациите за да помогне развојот на младинскиот активизам во Грузија и да се зајакнат капацитетите за застапување за младински прашања на активистите во Грузија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: