Период на реализацијa:
Јануари 2015 – јуни 2017
Имплементатор:
Имплементатор на проектот: Anne Frank House – AmsterdamПартнери: Младински образовен форум, Hrvatska edukacijska i razvojna mreza za evoluiju sporazumijevanja – HERMES (Croatian Education and Development Network for the Evolution of Communication); Fondacija Humanost u Akciji (Humanity in Action Bosnia-Herzegovina); Otvorena Komunikacija (Open Communication);
Донатор(и): Европска комисија
Краток опис на проектот:
Проектот „Historija, Istorija, Povijest – Lessons for Today“ има за цел да го покрене вниманието и поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан, кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти во минатиот век. Преку промовирање на критичко размислување за настани од историјата и нивното значење во современто време и случувања, целта на Anna Frank House (АФХ) и партнерите е да се постигне помирување преку дијалог за заедничкото минато. Методолошкиот пристап кој ќе биде користен вклучува комбинација од формално и неформално образование и преку тоа интердисциплинарна, плуралистичка едукација по Историја доставена преку наставници и ученици. Клучен елемент во проектот е создавање на долготрајни, квалитетни, интерактивни едукативни материјали по историја кои ќе инспирираат и идни генерации на наставници и ученици.