Има ли приватност на интернет?-јавна дебата

На 24 Јуни 2010 година со почеток во 12 часот во ГЕМ Клубот (Менада) во Стара чаршија, ќе се одржи јавна дебата на темата “Има ли приватност на интернет?“  организирана од Младински образовен форум и Фондација Метаморфозис.

Дел од прашањата кои ке бидат дискутирани на оваа јавна дебата се:

  • дали интернет корисниците ја жртвуваат својата приватност?
  • колку младите споделуваат лични информации на интернет?
  • колку во Македонија постојат услови кои гарантираат заштиа на личните податоци на корисниците на интернет?

Има ли приватност на интернет е последната од циклусот на промотивни јавни дебати во рамките на проектот “Социјални медиуми за демократија“, кои претходеа во 10 градови низ Македонија, со цел промовирање на блог платформата kauza.mk – Онлајн заедници за каузи од големо значење за развојот на македонската демократија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: