Барај
Close this search box.

Погледнете го инфографикот со статистиките од втората конференција „Engage“ која се одржа на 23 февруари 2013 во организација на Радио МОФ и Младински образовен форум, е поддржана од Фондација Отворено општество Македонија и National Endowment for Democracy.

 

Статистиките за твитер за инфографикот и дијзанот ги обезбеди Фондација ИДЕА – Југоисточна Европа. Податоците за учесниците и логистиката ги обезбеди МОФ; како и анализите за посета на микро-вебот ENGAGЕ и Фејсбук.

Статистичките податоци за твитер хаштагот #engagemk се резултат на анализа и обработка на податоци извлечени од @TwitterAPI, поточно Streaming API и REST API 1.1. Почнувајќи од 21.01.2013, се преземаат твитови кои го содржат хаштагот #engagemk.

Параметрите кои се анализираат и обработуваат се стандардните бројки tweets, retweets, mentions и links [твитови со линкови].

За секој корисник, бројот на твитови се множи со бројот на следбеници. Вкупниот збир на овој производ резултира со параметарот impressions, т.е. impressions = tweets x followers, и ја означува максималната потенцијалн видливост на твитовите со хаштагот.

За секој корисник, се презема листата на followers. За сите корисници кои имаат твитови обележани со овој хаштаг, се пресметува заедничка унија на следбениците, со елиминација на заедничките следбеници. Таквата бројка ја означува реалната бројка на корисници кои на својот тајмлајн имаат твит со обележаниот хаштаг.

Фејсбук податоците се извлечени од статистиките на фан страниците на Радио МОФ и Младински образовен форум. Статистиките го покажуваат бројот на дневни интеракции [engagement] на корисниците со содржините од страниците во форма на споделувања, кликови, или приказни во периодот од 21-24 февруари 2013. Втората Фејсбук статистика е бројот на лица кои одговориле за своето присуство на Фејсбук настанот на ENGAGE.

Веб статистиките се однесуваат на бројот на посети, уникатни посетители и прегледувања на страници на микро-вебот на ENGAGE www.radiomof.mk/engage/

Инфографикот од минатогодишното издание на ENGAGE можете да го видите тука.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: