Повик за членови на иницијативни одбори за локални младински совети

* Рокот за пријавување е продолжен до 20ти септември 2014. За повеќе детали прочитајте во текстот подолу.

Младински образовен форум, во соработка со Центар за меѓукултурен дијалог, во рамките на проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility), распишува повик за членови  на иницијативни одбори во 12 општини во Република Македонија, кои ќе бидат дел од иницијативите за основање локални младински совети во 12 општини.

Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на носење одлуки.

Членови на иницијативните одбори можат да бидат млади номинирани од младински организации или другтип младински структури од општините кои се дел од проектот. Иницијативните одбори со поддршка на локални младински јадра во секоја општина ќе го водат основањето на локалните младински совети, ќе работат на креирање на структурата на телата и промоција на потребата од младинско организирање и младинско учество на локално ниво.

Општини во кои ќе се основаат младинските иницијативни одбори се: Центар,  Чаир, Тетово, Липково, Дебар, Кичево, Струга, Битола, Неготино, Велес, Делчево и Кратово. Членовите на иницијативните одбори ќе бидат континуирано вклучени во активностите на проектот од септември 2014 до јуни 2015 година. Во овој период, членовите ќе учествуваат на тренинзи за јакнење на капацитетите на иницијативните одбори, организација на јавни акции и настани, соработка со општините, основање локални младински совети, како и креирање и спроведување на локални младински политики.

Активностите кои се предвидени за членовите на инцијативните одбори вклучуваат:

  • Активно учество во креирањето на локалните младински совети;
  • Учество на циклус тренинзи во периодот септември – октомври 2014;
  • Учество во унапредување на локалните младински политики преку организирање младински настани и акции;
  • Соработка со општините за воспоставување на Локален младински совет;
  • Соработка со сите форми на младинско здружување на локално ниво;
  • Активно учество при спроведување на обуките и останите активности предвидени со проектот;
  • Активно учество при изработка на локални младински документи.

Услови кои треба да ги исполнуваат организациите кои сакаат да номинираат свои претставници како членови во младинските иницијативни одбори:

  • Да се младински здруженија, организации за млади, сојузи, унии, средношколски или студентски заедници, подмладоци на политички партии, спортски друштва, културно-уметнички друштва или друга форма на здружување на млади, формални или неформални здруженија на млади;
  • Да се регистирани и/или делуваат на подрачјето на општините опфатени со проектот;
  • Да номинираат свој претставник/чка (возраст меѓу 15 и 29 години) во иницијативниот одбор во соодветната општина и да имаат можност за континуирано и активно учество во активностите на проектот преку својот претставник/чка;
  • Да имаат интерес за унапредување на локални младински политики;
  • Да имаат интерес за развој на младинското здружување на локално ниво;

Во случај на голем број на пријавени делегати или пријави кои не ги исполнуваат условите на повикот, ќе биде направен избор за секоја од наведените општини одделно според наведените услови.

Аплицирањето се врши преку пополнување на апликација, која можете да ја најдете на следниов линк. Организациите во рамките на процесот на аплицирање ќе треба да ги достават и следните документи:

  • Портфолио на организацијата;
  • Извештај за работата на здружението за 2013 година или друг документ во кои се наведени реализираните активности со млади, младински политки и иницијатививо општината за која се аплицира;
  • CV на кандидатот кој се номинира.

Дополнителните документи треба да се достават пред крајот на рокот за аплицирање на policy@mof.org.mk.

Сите заинтересирани младински организации или други младински структури кои ги исполнуваат условите на повикот може да пријават максимум еден свој претставник со пополнување апликација на следниов линк до 20 септември 2014 година.

За дополнителни информации и прашања, може да се консултирате на policy@mof.org.mk или на 02 31 39 692.

Повеќе информации за дел од активостите спроведени во рамки на проектот можете да најдете на следните линкови:

[Јавен настан] Во Тетово се одржа првата трибина за потребите на младите и младинското здружување

[Јавен настан] Саем на организации „Млади за Велес“

Студиска посета „Скопје – Куманово – Солун“

[Jaвен настан] 65% од младите во Дебар сакаат да се дел од донесувањето на одлуки

 

[АЛБ] Преземи повик за членови на иницијативни одбори

[МК] Преземи повик за членови на иницијативни одбори

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).

___________________________________________________________________

THIRRJE PËR ANËTARË TË KËSHILLIT INICUES RINOR


Forumi Rinorë Arsimorë  (YEF) në bashkëpunim me Qendrën  për Dialog Ndërkulturor (CID), në kuadër të projektit “Zhvillimi i politikave lokale rinore dhe pjesëmarrja rinore në 12 komuna”  i financuar nga Unioni Evropian (IPA Programme – Civil Society Facility), shpall thirrje për anëtarë të këshillit inicues në 12 komuna të Republikës së Maqedonisë të cilët do të jenë pjesë e iniciativave për formimin e këshilleve rinore lokale në 12 komuna.

Qëllimi kryesor i projektit është që të përforcohen kapacitetet e organizimit rinor në nivel lokal, njohja e tyre formale nga ana e komunave si dhe organizimi i përbashkët për promovimin e politikave rinore në nivel lokal, duke e promovuar aktivizmin rinor, punën rinore dhe pjesëmarrjen rinore në proceset e vendimarrjes.

Anëtarët e këshillit inicues mund të nominohen nga organizatat rinore ose nga strukturat tjera rinore nga komunat përkatëse. Këshillet inicuese me përkrahjen e grupeve punuese rinore në secilën komunë do të organizojnë formimin e këshilleve rinore lokale, do të punojnë në krijimin e strukturave dhe promovimin e idesë rreth rëndësisë për një organizim të tillë rinor në nivel lokal.

Komunat ku do formohen këshillet inicuese rinore janë: Komuna e Strugës, Tetovës, Likovës, Dibrës Velesit, Komuna Qendër, Ҫairit, Kratovës, Dellҫevës, Negotinës, Manastirit dhe Komuna e  Kërҫovës. Anëtarët e këshillit inicues rinor do jenë në vazhdimësi të kyçur në aktivitetet e projektit nga shtatori i vitit 2014 deri në qershor të vitit 2015. Në këtë periudhë anëtarët do të marrin pjesë në trajnime për përforcimin e kapaciteteve të këshillit inicues rinor, organizimin e ngjarjeve të ndryshme, bashkëpunim me komunat, krijimin e këshillit rinor si dhe krijimin dhe zbatimin e politikave lokale rinore.

Aktivitetet e parapara për anëtarët e këshillit inicues përfshijnë:

  • Pjesëmarrje aktive në krijimin e këshillit rinor lokal;
  • Pjesëmarrje në trajnime gjatë periudhës shtator-tetor 2014;
  • Pjesëmarrje në promovimin e politikave nëpërmjet organizimit të evenimenteve të ndryshme;
  • Bashkëpunim me komunat për krijimin e Këshillit Rinor;
  • Bashkëpunim me të gjitha format e organizimeve rinore në nivel lokal;
  • Pjesëmarrje aktive në zbatimin e trajnimeve dhe aktiviteteve tjera të parapara në projekt;
  • Pjesëmarrje aktive në përpunimin e dokumenteve rinore lokale.

 Kushtet që duhet të përmbushen nga ana e organizatave të cilat duan që të nominojnë përfaqësues të tyre si antëtarë në këshillin inicues rinor:

  • Të jenë organizata rinore, lidhje rinore, unione të nxënësve apo organizime studentore, forume rinore politike, klube sportive, shoqata kulturore ose forma tjera të organizimeve rinore, organizime rinore formale dhe joformale;
  • Të jenë të regjistruar ose të veprojnë në komunën ku zbatohet projekti;
  • Të nominojnë përfaqësues/e të tyre (mosha nga 15 deri 29) në këshillin inicues rinor në komunën përkatëse dhe të jenë aktiv në aktivitetet e projektit nëpërmjet përfaqesuesit/ses;
  • Të kenë interes për promovimin dhe krijimin e politikave lokale rinore;
  • Të kenë interes për zhvillimin e organizimit rinor në nivel lokal.

Në rast të numrit të madh të të interesuarve, ose aplikime që nuk i përmbushin kushtet, do të bëhet përzgjedhje për çdo komunë, veçmas sipas kushteve të lartëpërmendura.

Aplikimi bëhet nëpërmjet mbushjes së aplikacionit, të cilin mund ta gjeni në linkun.

Organizatat në kuadër të procesit të aplikimit duhet që t’i paraqesin këto dokumente:

  • Biografinë e organizatës;
  • Raport për punën e organizatës për vitin 2013 dhe dokumente tjera ku janë të potencuara aktivitetet e realizuara nga ana e të rinjëve, politika rinore dhe iniciativa të ndryshmetë realizuara në komunën ku aplikohet;
  • CV e kandidatit të nominuar.

Dokumentet shtesë duhet që të dërgohen para kalimit të afatit kohor këtu policy@mof.org.mk .

Të gjitha organizatat rinore apo strukturat tjera rinore të cilët i përmbushin kushtet e thirrjes mundet që të aplikojnë me një përfaqësues duke e plotësuar aplikacionin në linkun deri më 20.09.2014.

Për informata shtesë apo pyetje, mundet që të konsultoheni në policy@mof.org.mkose në numrin        02 31 39 692.

Informata plotësuese në lidhje me aktivitetet mund të gjeni në linkun:

[Јавен настан] Во Тетово се одржа првата трибина за потребите на младите и младинското здружување

[Јавен настан] Саем на организации „Млади за Велес“

Студиска посета „Скопје – Куманово – Солун“

[Jaвен настан] 65% од младите во Дебар сакаат да се дел од донесувањето на одлуки

Projekti „Zhvillimi i politikave lokale rinore dhe  pjesmarrja rinore në 12 komuna“ ju dedikohet të rinjëve, organizatave rinore dhe të gjitha formave të shoqërimit rinorë, të cilët më mirë mund t’i identifikojnë sfidat me të cilat ballafaqohen dhe të ofrojnë zgjidhje për implementimin e politikave për zgjidhjen e çështjeve që i tangojnë.  Qëllimi I projektit është përforcimi i kapaciteteve të strukturave lokale rinore në Maqedoni dhe rritja e pjesmarrjes rinore në proceset e vendimmarrjes në nivel lokal dhe kombëtarë, përfaqësimi i parimeve formale të komunikimit mes strukturave rinore dhe atyre komunale, si dhe ndihma në angazhimin e tyre direkt në proceset e vendimmarrjes në nivel lokal, rritja e participimit dhe aktivizmit rinorë përmes zhvillimit të praktikave drejtuar bashkësive që kanë lidhshmëri me politikat lokale rinore. Projekti ofron bashkëpunim me pushtetin lokal, formimi i këshilleve rinore në 12 komuna, aktivitete lokale dhe procese publike për formimin e këshillave lokal rinorë me mbështetje nga 12 komuna. Ky projekt finansohet nga Bashkimi Evropian (IPA Programme – Civil Society Facility).

 

Сподели