Период на реализација: септември 2013 – февруари 2014
Донатор(и): УСАИД
Краток опис на проектот: Младински образовен форум (МОФ) заедно со Општина Ново Село започнуваат иницијатива за основање Локален младински совет, како претставничко тело на младинските здружувања на општинско ниво. Иницијативата има за цел да овозможи учество на младите во процесите на носење одлуки кои нив ги засегаат на локално ниво, како и нивна зголемена ангажираност во подобрување на локалната заедница.
Целите на овој проект вбројуваат: креирање претставничко тело на младите и младинските здружувања во Општина Ново Село; зајакнување на капацитетите за општествена ангажираност кај младите; овозможување неформално образование, тренинг, обука и развој на вештини кај младите; зголемен ангажман на младите во помагање на локалната заедница; промоција на младинско учество; претставување на потребите и интересите на младите; вклучување на младите во носењето одлуки на локално ниво; зголемена комуникација меѓу младите и Локалната самоуправа; зголемена прекугранична соработка меѓу младите од Општина Ново Село и општините од соседните држави; промоција на плурализам во младинското здружување и организирање.
Во рамките на проектот „Иницијатива за креирање на Локален младински совет во Општина Ново Село“ ќе се одвиваат следниве активности: формирање на иницијативна група (работна тело) за основање на ЛМС, обуки за членовите на Иницијативната младинска група, креирање модел статут за работа на Локалниот младински совет, основачкото собрание на Локалниот младински совет и верификација на одлуката од советот на Општина Ново Село и како последна фаза е креирање на годишна програма за работа на советот.