Младински мурали, волонтерски акции и интервенции во јавниот простор во 5 градови.
Медиа/Арт клубовите на програмата Младински Активизам, во декември 2018 година реализираa пет интервенции во јавен простор, во пет различни градoви, во Скопје, Тетово, Велес, Куманово и Битола.
Медиа/Арт клубот во Тетово, на 15.12.2018 година, ја реализираа акцијата „Види! Размисли! Реализирај!“. Оваа акција вклучува поставување на три знаци со информативни пораки, во три различни локации, каде што, се информираат граѓаните на Тетово за проблемот со загадувањето. Целта на оваа акција беше да се подигне свеста за зачувување на животната средина и да се намали бројот на граѓани кои секојдневно го загадуваат амбиентот.
Медиа/Арт клубот во Скопје, на 22.12.2018 година, спроведоа „Парквенција!“ каде што, на ул. 50-та Дивизија (паркот до спортското игралиште), во Центар, ги обновија и поправија веќе постоечките делови од паркчето (лулашки, трансформатор, клупи), но исто така, поставија и различни арт инсталации кои дополнително го разубавија паркот. Целта на оваа интервенција беше да се поттикнат младите за самоиницијативно организирање и општествено дејствување.
Медиа/Арт клубот во Велес, на 23.12.2018 година, со акцијата наречена “Reborn Yard” го уредија дворот на невладините организации во Велес. За време на оваа акција се изврши менување на покривната конструкција на летниковецот, фарбање на летниковецот, клупите и масата, исто така, се изврши покривање на ѕидот на Домот на НВО.
Медиа/Арт клубот во Битола, на 23.12.2018 година, се ангажираа да цртаат мурал со ликот на Горан Стефановски, до ракометното игралиште. Повикувајќи се на неговото дело „Тетовирани Души“, нашиот настан го именувавме „Тетовирани ѕидови“. Целта на муралот е да ги инспирира млади генерации да дејствуваат во областа на култура и уметноста, имајќи предвид дека еден од највлијателните личности на Македонската култура е и Горан Стефановски.
Членовите на МОФ во Куманово, на 24-25.12.2018, на ул. Доне Божинов (спроти автобуската станица), користејќи ја алатката стенсил нацртаа мурал како Батко Ѓорѓија ја влече темната страна од градот и ја покажува убавината која е претставена со различно обоени цртежи. Целта беше да се разубави јавната површина и да се придонесе за поубаво Куманово.
„Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија“.