Интервенција на јавен простор во Скопје

На 22-ри декември (сабота), со почеток во 12:00 часот, членовите на Медиа/Арт клубот Скопје на Младински образовен форум реализирaa интервенција на јавен простор во паркчето кое се наоѓа на ул. 50-та Дивизија веднаш до спортското игралиште.

Младите креативци ги обновија и поправија веќе постоечките делови од паркчето, како што се клупите, лулашките и трансформаторите. Исто така поставија и различни арт инсталации кои дополнително ја збогатија и разубавија естетиката на паркчето. Акцијата ја спроведоа дваесеттина средношколци- членови на Медиа/Арт клубовите.

Целта на членовите на клубот е да се крене свеста кај младите за самоиницијативно организирање и општествено дејствување. Покрај дадената согласност за измена на просторот, интервенцијата на паркчето беше поздравена и од Општина Центар и Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Активноста е поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: