Барај
Close this search box.

Интервју со Дора – The star of the debate program

Запознајте ја Дора! Еден од предавачите на нашите дебатни клубови, а воедно и извондреден дебатен судија. Во краткото интервју ќе дознаеме која е Дора, кој е нејзиниот ангажман во дебатната програма и што е тоа што ја натерало да се впушти во авантурите на компетативна дебата!

1.Кој е твојот ангажман во дебатната програма?
Веќе неколку години сум активно дел од дебатната програма на МОФ, а оваа година за прв пат ја имам шансата да бидам предавач на компетитивна дебата.

2. Што значи да бидеш дебатен судија?
Низ процесот низ кој една личност се надградува себеси и станува искусен дебатер и предавач, се среќава и со улогата на дебатен судија. Тривијално објаснето, судија е личноста која не само што е фасилитатор на дебатата, туку и ја носи одлуката во однос на тоа кој тим ја заслужува победата преку изнесените аргументи од двете страни, односно од двата тима. Тоа што е есенцијално за еден судија, е да се стави во улога на просечен граѓанин со просечни знаења на модерни теми кои го засегаат светот, за да може да донесе објективна одлука.

3. Какви вештини стекна од можноста да судиш на дебатни турнири?
Покрај објективната дефиниција, секогаш постои и субјективна – вештините кои личноста ги придобива судејќи на дебатни турнири. Главно, би кажала дека компетитивна дебата е брз спорт, што значи дека судијата практикува рационално селектирање на информациите кои ги слуша, создава објективност и непристрасност тргајќи ги своите лични гледишта на страна и со тоа дава конструктивна критика на двата тима по завршувањето на дебатата. Токму зборовите со кои ќе одбере судијата да се изрази се најсигнификантни бидејќи надежно ќе резултираат во подобрување на дебатерите и генерално подобра атмосфера на турнирот. Оваа вештина е многу значајна и во секојдневниот живот, бидејќи давањето критика значи дека не ги разочаруваме дебатерите преку тоа што го направиле незадоволително, туку го избираме вокабуларот да им кажеме каде можат да се подобрат, и секогаш им даваме мотивација да продолжат понатаму. Судија кој завршува конструктивен фидбек со негативно размислување не е омилен ниту меѓу дебатерите, ниту меѓу останатите судии.

4. Можеш ли да споделиш какво е искуството да судиш на меѓународни турнири?
Меѓународните турнири спојуваат дебатни друштва од целиот свет. Со самото тоа како судии се среќаваме со различни конструкции на говори, различни стилови на говорење и стекнуваме неповторливо искуство кое без сомнение е придобивка и за нашите дебатери. Целото знаење кое го добиваме можеме многу едноставно да го споделиме со младите во нашата организација, што резултира во поголема успешност на меѓународните турнири.

5. Какво е чувството да брејкаш како финалист судија на меѓународни турнири?
Дефинитивно може да се каже дека влезот во финалните рунди на меѓународни турнири за судии е компетитивен исто колку и во однос на дебатните тимови. Сите судии добиваат детален конструктивен фидбек од страна на другите судии кои биле на истата дебата, како и од дебатерите од двата тима. Кога подобро ќе размислам, чувството е извонредно, бидејќи за брејк се потребни генерално многу високи оцени од страна на другите учесници, со оглед на тоа што секогаш постои еден тим кој ќе ја изгуби дебатата и треба да се соочи со тоа. Се вели дека оној кој губи има право да се лути, но од исклучително значење за мене е фактот дека добивам позитивни коментари и од тимовите на кои нажалост не сум им ја пресудила дебатата во нивна полза.

6. Која е најтешката дебата што ја имаш судено?
Не знам што да одговорам стварно, би напишала нешто бош, нема да има поента.

7. Можеш ли да издвоиш некоја интересна или смешна ситуација за време на судење?
Со оглед на тоа што моето учество на меѓународни турнири започна во екот на пандемијата, сеуште не сум ја имала можноста да ја доживеам онаа вистинска интеракција и запознавање со останатите судии и дебатери од целиот свет. Несомнено, се надевам дека тоа наскоро ќе се промени и ќе можам да раскажувам многу поинтересни случки. Тоа што можам да го кажам во овој момент е дека во неколку наврати ме удри како шок, информацијата дека судам заедно со победници и финалисти на светски дебатни турнири, кои без никаков проблем ме ислушуваа, а уште поголема награда е фактот дека го делеа истото мислење.

8. И за крај кои се бенефитите (личен, професионален, академски) план од тоа да бидеш дебатер и дел од дебатната програма на МОФ?
Искрено, би ми требале неколку часа да раскажам какви придобивки крие во себе дебатната програма на МОФ. Дебатерскиот свет не е само интересен поради запознавањето на нови луѓе, туку и поради тоа што можеби е најкорисната неформална активност за еден средношколец, особено за оние кои планираат своите студии да ги продолжат во странство.
Непрекинатото внесување на круцијални информации од светските вести, за и против аргументи на многу теми, како и вежбање на ораторските способности отвараат многу повеќе врати отколку што еден млад човек може да замисли. Секако, ова е особено значајно на академски и професионален план, меѓутоа не можеме да заборавиме и колку постојаното збогатување на вокабуларот влијае на нашиот личен развој.
Дебатната програма на МОФ дури и не зближува меѓусебно; на предавањата нема предавачи и дебатери – сите сме пријатели, а и без никакво двоумење меѓусебно си помагаме, се дружиме и секогаш дури и некомпетитивно дебатираме!

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: