Период: 20/07/2015-14/02/2016
Донатор: Schuler Helfen Leben
Носител на проектот: Субверзивен фронт
Краток опис на проектот:
Субверзивен Фронт, во партнерство со Младински образовен форум започна со спроведување на истражување на перцепциите и ставовите на младите во Македонија за состојбата со малтретирањето и вознемирувањето засновано на сексуална ориентација и родов идентитет кај младите ЛГБТИ лица.
Истражувањето кое преку употреба на прашалник и фокус групи ќе се обиде да ја мапира состојбата со ваквиот вид на вознемирување и малтретирање врз младите ЛГБТИ лица во и надвор од Скопје. Ова е првпат вакво истражување да се спроведува во Република Македонија, и, со оглед на тоа што ваквиот вид на однесување не се препознава и адресира како проблем кај надлежните државни институции, претставува посебен предизвик за спроведување. Преку истражувањето се очекува да се добијат сознанија за нивото на психолошко и физичко вознемирување и малтретирање, дискриминација и насилство врз младите ЛГБТИ лица на возраст помеѓу 18 и 30 години, кои подоцна ќе послужат за подигнување на свеста и застапување на овој проблем пред надлежните државни институции.