Барај
Close this search box.

(Из)вонредни предавања на МОФ

Младински образовен форум ве поканува да ги проследите „(Из)вонредните предавања“. Извонредните предавања се отворени предавања за млади кои МОФ ги организира во месец април на платформата за видео комуникација Zoom.

Бидејќи вонредната ситуација не натера да го поминеме и претстојниот месец затворени во домашна изолација, а справувањето со неа е се потешко, организиравме предавања на најразлични теми. Ќе зборуваме за економија, литература, ќе ве научиме како правилно да се „карате“ на интернет но и ќе ви помогнеме да се здобиете со многу други знаења и вештини.

Предавањата ќе се одржуваат на платформата за видео-комуникација Zoom по следиов распоред:

  • Debating in the real world, how not to be a d!%# – Петар Димитров и Иван Мицковски – 5-ти април 2020 во 18:00 часот
  • Природни катастрофи, предизвиците во деновите што доаѓаат – Кирил Пржо Арсовски – 7-ми април 2020 во 18:00 часот
  • Меѓународни односи, основни идеи и принципи – Јаков Шаревски – 11-ти април 2020 во 18:00 часот
  • Осознавање на светот преку податоци – Ѓорѓи Димески – 17-ти април 2020 во 18:00 часот
  • Средината на кругот – вовед во правото – Вилдан Дрпљанин – 21-ви април 2020 во 18:00 часот
  • Морални дилеми и прашања во ерата на технологијата – Весела Трајковска – 26-ти април во 19:00 часот
  • For the love of Gods, why do we need theater today?  – Петар Антевски – 30-ти април 2020 во 19:00 часот
  • Зошто луѓето умираат: ограничен пристап до здравствена заштита – Матеј Поп Дучев – 4-ти мај 2020 во 19:00 часот
  • Космологија и астрофизика: многу куса историја на времето – Анастасија Марковска – 9-ти мај 2020 во 19:00 часот

Доколку сакате да слушате некое од предавањата се што треба да направите е да ја пополните следната апликација: https://forms.gle/QJoc5heha3Bx3tPV6  и да се вклучите на линкот во терминот на посакуваното предавање, кој ќе ви го испратиме на е-меил.

Отворените предавања за млади се организираат во склоп на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: