Барај
Close this search box.

(Из)вонредни проекции на кратки филмови

Млади ентузијасти, филмофили, идни и сегашни филмаџии, Младински образовен форум и Радио МОФ ве покануваат да ги проследите „(Из)вонредните проекции“. Секоја недела од месец мај, на платформата за видео комуникација – Zоom, МОФ и Радио МОФ организираат заедничко гледање на проекции на македонски краткометражни филмови, во придружба на режисерите и дел од екипата која работела на филмовите.

По секоја проекција, која публиката ја гледа од дома, следи виртуелна интерактивна Q&A сесија со режисерите кои ќе ги откријат тајните позади своите филмски остварувања, инспирацијата и предизвиците кои ги носи снимањето. Проследете дел од наградуваните филмски остварувања на младите македонски режисери, запознајте се со процесот на снимање и поминете ги монотоните неделни квечерини со добар домашен филм.

На 10-ти мај (недела) во 19:00 часот придружете ни се на првата (Из)вонредна проекција заедно да го проследиме краткометражниот филм „Јас не сум Игор“ на режисерот Сергеј Георгиев.

„Јас не сум Игор“ е филм кој ги третира проблемите што ги носат национализмот и бидувањето дел од група како носители на нечиј идентитет. Игор е дел од навивачката група „Комити“ која водена од омраза планира грабеж на локална продавница на Албанец. Но, пресвртот почнува кога Игор ќе дознае за тајната криена со години. Која тајна може да биде пострашна и од пиштол, и е толку уништувачка што мора да се сокрие и од најдобрите другари?

Пријавете се на следниот краток формулар https://forms.gle/pLP3jKUncqNc49Et7, а ние ќе ви испратиме линк од Zoom на вашата мејл адреса.

Отворените проекции за млади се организираат во склоп на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: