Второто предавање во циклусот отворени предавања за млади – (Из)вонредни предавања е насловено Природни катастрофи, предизвиците во деновите што доаѓаат.
Предавањето ќе се одржи во вторник на 7 април во 18:00 часот на платформата за видео комуникација Zoom.
Предавањето ќе го држи биологот и еко-активист Кирил Пржо Арсовски. Неговото предавање вели дека е инспирирано од приказните за природни катастрофи за кои слушаме во некои далечни делови од светот а стануваат нашето секојдневие. Речиси целата човечка популација се соочува со различни видови на катастрофи и несреќи, предизвикани делумно од климатските промени со кој се соочува планетата. Предвидените сценарии, даваат упаство дека овие појави нема да се реткост, туку напротив дел од иднината на цивилизацијата.
Доколку досега не сте се регистрирале за овие (Из)вонредни предавања, за да го проследите предавањето треба да го пополникот краткиот прашалник: https://forms.gle/QJoc5heha3Bx3tPV6 а кога ќе дојде терминот за предавање ние ќе ви испратиме е-маил со линк до предавањето.
Следете на нашата веб страна – mof.mk за да се информирате повеќе за следните (Из)вонредни предавања во месец април.
Отворените предавања за млади се организираат во склоп на проектот „Ангажирање на младите за студентски и младински политики“, поддржан од Фондација Отворено општество-Македонија.