(Из)вонредно предавање #3 – Меѓународни односи, основни идеи и принципи

Продолжуваме со организација на циклусот (Из)вонредни предавања на МОФ.

Третото отворено предавање за млади е насловено „Меѓународни односи, основни идеи и принципи“. Предавањето ќе се одржи на 11 април (сабота) во 18:00 часот на платформата за видео комуникација Zoom.

Предавањето ќе го одржи нашиот член Јаков Шаревски. Тој за своето предавање вели дека е инспирирано од секојдневното политизирање кое го гледаме во светските медиуми.

За време на своето предавање ќе зборува за принципите позади константните превирања на светските сили и нивните сојузници и од каде истите ги влечат своите идеи. Современи разбирања на теориите и школите на меѓународни односи, и како споменатата гранка е сега перцепирана. Во ова предавање ќе се здобиете со подобро разбирање за вечниот муабет Америка вс. Русија, како и за потребата од моменталните конфликти помеѓу САД и Кина, идеите позади формирањето на Европската Унија и други меѓународни тела и организации.

За да го проследите предавањето треба да го пополнитe краткиот прашалник: https://forms.gle/QJoc5heha3Bx3tPV6

Доколку веќе сте регистрирани за (Из)вонредните предавања, кога ќе дојде терминот за предавање ние ќе ви испратиме е-маил со линк до предавањето. Следете на нашата веб страна – mof.mk за да се информирате повеќе за следните (Из)вонредни предавања во месец април

Отворените предавања за млади се организираат во склоп на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондација Отворено општество-Македонија.

Сподели