(Из)вонредно предавање #6 – Морални дилеми во технолошката ера

Младински образовен форум ве поканува да го проследите шестото предавање од циклусот  (Из)вонредни предавања

Отвореното предавање за млади е насловено „Морални дилеми во технолошката ера“ и истото ќе се одржи на 26-ти април (недела) во 19:00 часот на платформата за видео комуникација Zoom. Предавањето ќе го одржи нашиот член Весела Трајковска. Таа за време на своето предавање ќе одговори на следните прашања:
– Дали треба да ме загрижува тоа што еден алгоритам знае подобро од мене каква музика ми се слуша или каков филм сакам да гледам?
– Дали во иднина ќе можам да ги дизајнирам гените на моите деца?
– Дали роботите ќе станат дел од моето секојдневие и ќе ми помагаат со физичката работа или, пак, ќе станат премногу паметни и ќе го надвладеат човештвото?

Лесно е да се западне во песимистичка спирала мислејќи дека машините ќе го надминат човековиот интелект, но реалноста е далеку помалку драматична и застрашувачка. Се наоѓаме во ситуација каде што мора да најдеме одговори на некои од најтешките прашања за нашите морални вредности, толкувања на животот и општествената одговорност што ја чувствуваме. Но, секогаш првиот чекор е да се информираме – кои се моменталните можности на технологијата, што може да очекуваме во иднина и кои се потенцијалните штети и придобивки.

За да го проследите предавањето треба да го пополнитe краткиот прашалник: https://forms.gle/QJoc5heha3Bx3tPV6
Доколку веќе сте регистрирани за (Из)вонредните предавања, кога ќе дојде терминот за предавање ние ќе ви испратиме е-маил со линк до предавањето.

Отворените предавања за млади се организираат во склоп на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондација Отворено општество-Македонија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: