(Из)вонредно предавање #7 – For the love of Gods, why do we need theater today?

Следното (Из)вонредно предавање од циклусот отворени предавања за млади е посветено на театарот. Предавање е насловено „For the love of Gods, why do we need theater today? – Анализирајќи ги митовите, Аристотел и Антигона“ и истото ќе се одржи на 30-ти април (четврток) во 19:00 часот на платформата за видео комуникација Zoom.

Предавањето ќе го одржи нашиот член Петар Антевски. Тој за време на своето предавање ќе ни помогне да го разбереме театарот и грчката митологија.

Интерпретирањето на грчката митологија е секогаш возбудлив процес со кој се занимавале и античките трагичари носејќи сопствен поетичен пристап кон моралните дилеми и фантастичните приказни. Софоклевата „Антигона“ е една од најубавонапишаните трагедии, не само поради фактот што ни прикажува една жена која со својата сила им пркоси на правилата во име на љубовта, туку затоа што истовремено прикажува еден трагичен тиранин кој со еднаков интензитет е во директен конфликт со главниот лик бранејќи ги принципите на правото. Тргнуваме со идејата дека и двата лика се повикуваат на волјата на боговите, но постојат две различни толкувања. Едното водено од чувства, а другото од разум и принципи. And for the love of Gods, why do we need theater today?

За да разбереме зошто е потребен театарот денес, треба да се вратиме на неговите почетоци. Од таму каде што тргнува театарот каков што го знаеме денес. Преживеал повеќе од 2500 години, а ќе живее уште 2500 пати повеќе. Зошто е тоа така ќе разговараме преку анализата на митовите, Аристотеловата „Поетика“ и драмата „Антигона“ на Софокле.

За да го проследите предавањето треба да го пополнитe краткиот формулар: https://forms.gle/QJoc5heha3Bx3tPV6. Доколку веќе сте регистрирани за (Из)вонредните предавања, кога ќе дојде терминот за предавање ние ќе ви испратиме е-маил со линк до предавањето за да може да го преследите.

Отворените предавања за млади се организираат во склоп на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондација Отворено општество-Македонија.

Сподели