Барај
Close this search box.

(Из)вонредно предавање #8 – Oграничен пристап до здравствена заштита

Младински образовен форум Ве поканува да го проследите осмото (Из)вонредно предавање насловено „Зошто луѓето умираат: органичен пристап до здравствена заштита“.

Предавањето ќе  го одржи нашиот член Матеј Поп Дучев на 4-ти мај (понеделник) во 19:00 часот на платформата за видео комуникација Zoom.

Централното прашање кое ова предавање ќе го постави е „Зошто умираат луѓето?“ Не во филозофска, туку во епидемиолошка смисла. Преку анализа на смртноста на населението во повеќе држави, предавањето ќе дојде до одговорот дека смртноста на населението често зависи од социо-економски фактори повеќе отколку од интринзични здравствени фактори (како гени или животен стил).

Предавањето ќе отвори дискусија и на други поврзани прашања, меѓу кои:

  • Која е поврзаноста помеѓу смртността на населението и економскиот развој на државата?
  • Како се справуваат здравствените системи ширум светот со ситуации во кои достапноста на здравствени ресурси е помала од побарувачката?

За да го проследите предавањето треба да го пополнитe краткиот прашалник: https://forms.gle/QJoc5heha3Bx3tPV6

Доколку веќе сте регистрирани за (Из)вонредните предавања, кога ќе дојде терминот за предавање ние ќе ви испратиме е-маил со линк до предавањето.

Отворените предавања за млади се организираат во склоп на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: