(Из)вонредно предавање #1 – Debating in the real world: How not to be a d!%#

Младински образовен форум ве поканува да го проследите првото предавање од циклусот (Из)вонредни предавања насловено „Debating in the real world: How not to be a d!%#.“

Повелете оваа недела на 5-ти април во 18:00 часот, ќе разговараме за улогата на дебатата надвор од натпреварувачкиот контекст. Како да се поставиме во различини ситуации. Начини да ги разбереме и убедиме другите. Предавањето е инспирирано од сите оние полноќни дебати кои деволвирале во разбеснети расправии, наапаните коментари на Јутуб, муабет со чиката во кебапчилница што сака да ти објасни за Југославија итн.

Предавањето ќе го држат Петар Димитров и Иван Мицковски, кои се опишуваат себеси како дебатни ветерани со дваесетина години заедничко искуство во натпреварувачка дебата.

За да се приклучите на предавањето треба да го пополникот краткиот прашалник: https://forms.gle/QJoc5heha3Bx3tPV6, а кога ќе дојде терминот за предавање ние ќе ви испратиме е-маил со линк до предавањето.

Следете на mof.mk за да се информирате повеќе за следните (Из)вонредни предавања во месец април.

Отворените предавања за млади се организираат во склоп на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондација Отворено општество-Македонија.

Сподели