Изборни предавања на економски теми

На 25 јули – сабота во просториите на Младински образовен форум во Скопје ќе се одржи еднодневен настан – изборно предавање на теми од областа на економијата.

Доколку сакате да научите повеќе 
за тоа што всушност е економија? За тоа кој и како ги троши вашите пари, и за тоа како ние сами си ги трошиме парите?

На темите ќе предаваат:
Атанас Димитров- магистранд по европски студии и Георги Велковски- магистранд по е-бизнис менаџмент како и Ѓорѓи Димески – студент по економија
кои воедно се и дебатни тренери во Младински образовен форум.

Целта на настанот е дебатерите, дебатните асистенти и предавачи да ги надградат своите знаења и познавања од областа на економијата кои ќе можат да ги употребат во градењето случаи на економските тези.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: