Изминатиот викенд Младинскиот образовен форум (МОФ) го организираше Националното дебатно првенство во рамките на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. Од 12 до 14 мај 2023 година 50 тимови се натреваруваа за титулата Национален дебатен шампион.
Турнирот вклучи над 150 учесници, 30 судии и волонтери. Учесниците се вклучија во високо компетитивен и стимулирачки дискурс, прикажувајќи ги своите дебатни вештини и знаења на теми за медиумска писменост.
Младите средношколци дебатираа на темите:
- Овој Дом е против користењето на социјалните мрежи како примарен извор на информации.
- Овој Дом, како климатски активист, би се користел со тактики за ширење дезинформации кои го преувеличуваат ефектот од климатските промени во своите кампањи, со цел да ја зајакнат својата кауза.
- Овој Дом е против романтизираното прикажување на ментални нарушувања во популарните медиуми.
Дебатата ја завршија со темата „Овој Дом е против користењето на социјалните мрежи како примарен извор на информации“. По три дена интензивно дебатирање, Давид Салонтаји го освои местото прв најдобар говорник, Миа Драгниќ како втор најдобар говорник и Периба Вуисланин како трет најдобар говорник.
Кулминацијата на турнирот беше тимска компетитивност. Тимот АМЕ кој го составија Мина Митановска, Емир Хасанаговски и Андреј Ристиќ, го освои првото место, а тимот Kinder Surprise со Јана Николовска, Леона Змајшек и Петар Китанчев, го освои второто место.
Победата на тимовите, како и целата компетитивност на сите тимови беше доказ за нивната напорна работа, знаењето и вештини за критичко размислување и медиумска писменост, кои натпреварувачите ги стекнаа во младинските дебатни клубови на МОФ, во склоп на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.
Пехарот, медалите и сертификатите, им ги врачи претставничката на канцеларијата на УСАИД во нашата земја, г-ѓа Џери Дибл.
Турнирот беше огромен успех, истакнувајќи ја важноста на критичкото размислување, ефективната комуникација и граѓанскиот дискурс во нашето општество. Тој обезбеди платформа за младите умови да се вклучат во конструктивен дијалог и да учат еден од друг, што на крајот ќе придонесе за растот и развојот на нашето општество.