Во Неготино се избрани и 11те членови на Младинскиот Совет, кои следната недела ќе ја одржат и првата седница каде ќе го гласаат Статутот на Советот, ќе изберат Претседател и структура на овој Совет.
Основањето на Локалниот младински совет е дел од проектот „Развој на локални младински политки и локално младинско учество во 12 општини“ на Младински образовен форум и Центар за меѓукултурен дијалог, со локална
поддршка од Центарот за регионален одржлив развој и Општина Неготино, а финансиран од Европската Унија (ИПА Програма).
Претставници на младиснки ораганизации и структури од Неготино аплицираа на објавен јавен повик за членови со поднесување на соодветна документација до Советот на Општина Неготино.
Младинскиот Совет Неготино се состои од следниве членови:
Стефан Андонов
Младинска организација при СОУ„Св.Кирил и Методиј“
Томислав Насков
Здружение на граѓани Центар за Регионален Одржлив Развој
Анета Трајкова
Младински образовен форум – МОФ
Мите Јаначков
Медиум – Неготино Инфо
Јордан Лазов
Клуб на Млади при ООЦК Неготино
Ѓорѓи Јованов
Планинраско друштво АНТИГОНЕА Неготино
Кристина Тодорова
Здружение на граѓани ЕКОВИТА
Никола Богески
Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ)
Ивона Атанасова
Унија на Млади Сили – ВМРО ДПМНЕ – Неготино
Дејан Пановски
КУД Ацо Ѓорчев – Неготино
Тоде Мицов
Навивачка Група ВИНАРИ – Неготино
Младите лица од здруженијата на млади, ученичките совети и други регистрирани облици на организирање на младите кои учествуваа во проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“, кој е спроведен од страна на Младински образовен форум и Центарот за меѓукултурен дијалог во партнерство со 12 општини од Македонија меѓу кои е и општина Неготино и е финансиран од Европската унија, до Советот на општина Неготино во согласност со Статутот на општината, поднесоа иницијатива за избор на нови членови на Советот на млади на општина Неготино кој претставува претставничко тело на младите од општина Неготино и кое вклучува претставници од граѓански организации, културни уметнички друштва, помладоци на политички партии, претставници од преседателството на училишните заедници и други форми на младинско организирање.
Младинскиот совет ги повикува сите млади кои имаат некоја сугестија, идеја, визија за младите во Неготино да го контактираат Младинскиот Совет на следната мејл адреса со доставување на свој предлог за активност која би можела да се реализира во склоп на Советот: mladinskisovetng@gmail.com
Им поскауваме успешна работа.
Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).