На главната теза “Овој Дом како млад човек би го жртвувал својот индивидуален напредок за решавање на колективните проблеми” од 20-ти до 22-ри декември 2019 година, Младински образовен форум го организираше Националното дебатно првенство за почетници на кое се натпреваруваа дебатери од дебатните клубови на МОФ од Скопје, Велес, Тетово, Прилеп, Куманово и Битола. Првенството се одржа во СУГСГ “Орце Николов”.
Турнирот се одржа во World Schools дебатниот формат, на македонски јазик и истиот опфати 5 прелиминарни рунди, четвртфинале, полуфинале и финале.
На турнириот се дебатираше и на уште две импромпту тези (тези кои не се однапред најавени) и тоа: „Овој Дом би ја намалил границата за гласање на 16 години“, која се дебатираше за време на третата рунда, како и тезата: „Овој Дом, како индивидуа, би преферирал да биде богат и нечесен отколку сиромашен и чесен“, која се дебатираше во полуфиналните рунди.
Најдобро пласиран беше тимот на дебатерките: Мартина Дуранска, Фросина Кекеновска и Ангела Трајковска.
Второто место го освоија дебатерите Андреј Аспровски, Киара Лазиќ и Матеј Дисоски.За најдобар индивидуален говорник беше избран Горјан Јаневски, втора говорничка беше Георгина Петреска, а третото говорничко место го освои Константин Темелков.
Целта на турнирот беше да обезбеди простор за напревар за аргументирана дискусија. Во овие неколку денови младите средношколци ги предизвикаа сопствените ставови и дискутираа за вредноста на индивидуалниот ангажман и решавање на колективните проблеми со кои младите се соочуваат. Преку истражување, аргументирано изразување и тимска работа, средношколците ги продлабочија своите знаења.
Настанот е организиран од МОФ со поддршка од СУГСГ „Орце Николов“ во склоп на проектот за Ангажирање на младите за студентски и младински политики.
Националното дебатно првенство за почетници е организирано со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.