Изложба: Визуелно пишување

На 27 декември 2014 (сабота) во Чао Кафе во Велес со почеток од 18:00 часот ќе се одржи изложба Визуелно пишување во организација на МедиаАрт Клубот на МОФ центарот во Велес.

Во текот на ноември и декември, во Велес се случија серија предавања и работилници на тема калиграфија и типографија, како ликовни и дизајнерски дисциплини, што значат, каде и како се користат и што се’ може да се направи со нив.
На работилниците, учесниците се запознаа со дел од можностите на калиграфијата и типографијата, секако со многу мал дел од се’ она што тие опфаќаат, но со можност и потенцијал овие работилници да се прошират во постудиозно и подетално запознавање со овие дисциплини. 

Изложбата претставува селекција од најдобро изработените дела, кои не само што за краток период успеаа да постигнат едно солидно техничко ниво на изработка, туку и внесоа особен личен израз, поради кој исходот од работилниците е повеќе од успешен.
Сподели