Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ отворена во Куманово

Во организација на Младинскиот образовен форум и Куќата на Ана Франк од Холандија денеска во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово беше отворена патувачката изложба под насловот „Ана Франк – Историја за денес“.

Водичи на изложбата се млади волонтери, средношколци кои поминале обука за да ја раскажат приказната за Ана Франк.

Изложбата е врвот на еден наш заеднички проект во кој што земав и јас учество минатата година на еден од одржаните семинари во Босна, односно во градот Мостар, бев присутна таму и врз база на проектот ХИП – Хисторија, историја, повјест, лекции за сегашноста, фактички изложбата е врвот на тој проект. Изложбата ќе гостува тука во нашиот град десетина дена, што е на мое огромно задоволство – изјави Анита Зафировска, наставник по историја.

Проектот има за цел да го покрене вниманието и поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти во минатиот век.

Се разбира многумина ја знаат приказната за Ана Франк, меѓутоа она што е важно е таа приказна повторно и повторно да се раскажува и мислам дека најголемо влијание остава кога таа приказна се раскажува од млади луѓе. Штотуку разговарав со некои од средношколците кои се презентери на оваа изложба и мислам дека тие многу јасно ја разбрале пораката на изложбата, а тоа е дека треба да се надминат поделбите во општеството. Мислам дека кога се работи за пдоелбите во општеството било да се тоа поделби врз основа на раса, вера, сексуална ориентација, многу е важно младите да ја разберат и да ги надминуваат овие поделби и ако ние можеме барем малку да допринесеме за намалување на овие поделби преку организирање на ова изложба во 11 градови во Македонија тогаш би бил многу среќен – изјави Вилер Ваутер Пломп, амбасадор на Кралство Холандија.

Граѓаните на Куманово иложбата ќе можат да ја разгледаат во наредните десетина дена во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Извор

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: