Во првата половина на 2019-та година, изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ беше поставена во пет градови на Република Северна Македонија, во Свети Николе, Виница, Струга, Битола и Кратово.
Свети Николе беше првиот домаќин на изложбата во 2019 и тоа во период од 27 февруари 2019 кога беше и свеченото отварање на изложбата во Домот на култура „Крсте Мисирков“ и истата беше поставена до 13 март 2019. Водичи на оваа изложба беа 13 средношколци и средношколки од СОУ „Кочо Рацин“. Изложбата беше посетена од околу 250 посетители.
Вториот град каде што годинава беше поставена изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ е Виница. Таму во соработка со СОУ „Ванчо Прке“ и Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница, изложбата беше отворена на 15 март 2019 и истата беше отворена за посетители до 05 април 2019 година. 18 водичи, средношколци од СОУ „Ванчо Прке“ ги водеа посетителите низ изложбата. Во Виница изложбата беше посетена од 380 посетители.
Во Струга, изложбата беше поставена во просториите на Меѓународниот универзитет на Струга. Свеченото отварање беше на 14 мај 2019, а отворена за посетители беше до 21 мај 2019. Тренинг за водичи поминаа 16 ученици од СОУ „Др. Ибрахим Темо“ и СОУ „Нико Нестор“, кои потоа ги водеа и посетителите низ целата изложба. Околу 450 посетители ја посетија изложбата во Струга.
СОУ „Таки Даскало“ од Битола, од 23.05.2019 до 03.06.2019 беше домаќин на изложбата „Ана Франк – Историја за денес“. Од училиштето имавме 14 ученици, средношколки и средношколци кои успешно ја поминаа обуката за водичи на изложбата и истите за време на изложбата ги водеа сите посетители низ истата. Во Битола, изложбата беше посетена од околу 260 посетители.
Како последен град каде што беше поставена изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ за оваа полугодие беше Кратово. Во Кратово изложбата ја отворивме на 06.06.2019, и истата беше отворена до 20.06.2019 во просториите на СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово. 9 средношколци и средношколки од истото училиште покажаа интерес да бидат водичи на изложбата и истите успешно ја поминаа обуката и потоа ги водеа посетителите низ целата изложба. Изложбата беше посетена од околу 200 посетители.
Во нашата земја изложбата е поставена 28 пати во 22 различни градови, и истата е посетена од околу 22.000 посетители.
Изложбата во Северна Македонија се спроведува од Младински образовен форум и е донесена во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“ кој е поддржан од Европската унија
Проектот има за цел да го покрене вниманието и поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти во минатиот век.