Извршната директорка на МОФ, Дона Костуранова на дебата на Самитот за Западен Балкан во Виена

Извршната директорка на МОФ Дона Костуранова учествуваше на јавна дебата на Самитот на Западен Балкан во Виена, замислена како средба на граѓанското општество и политичките лидери. Јавната дебата се случуваше на 26 август и на неа учествуваа шестмина преставници на граѓанскиот сектор и шестмина политички лидери од регионот, чија цел беше дискусија на три значајни теми: зајакнување на регионалната соработкаобезбедување на слободата на изразувањесоздавање на работни места и просперитет.

Воведот во дебатата го даде австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, а по него се вклучија Еди Рама, премиер на Албанија; Александар Вучиќ, премиер на Србија; Јоханес Хан, комесарот на ЕУ за европската соседска политика и проширување, Игор Црнадак, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина и Игор Лукшиќ, заменик-премиер и министер за надворешни работи на Црна Гора.

Граѓанското општество, покрај Костуранова, на дебатата го претставуваа и: Ардиан Хачкај – директор на платформата за јавни политики „Shtetiweb“ во Институтот за соработка и развој, Мелиха Бајрамовиќ – координатор на Пленум Зеница, Албанија, Фаик Испахиу – директор и извршен продуцер на Balkan Investigative Reporting Network, Босна и Херцеговина; Дејан Миловац – директор на Центар за истражување и заменик директор на МАНС, Црна Гора и Александар Симурдиќ – генерален секретар на Европското движење, Локални совети Нови Сад, Србија.

Костуранова во своето излагање постави прашање до Комесарот Хан: „Македонија е во сред политичка криза, што ескалираше пред неколку месеци со масовни протести и кампови. Политичките преговори и договорот во Пржино беа постигнати без директна  вклученост на граѓанските организации, но од страна на политичките партии. Во периодот кој следи, Македонија прави сериозни промени и чекори. Дали во овој период на подготовки и договори за политики пред изборите, како и во постизборниот период, гледате простор и потреба за учество на граѓанските организации во процесите на преговори и одлучување?“

Комесарот Хан во својот одговор појасни дека во Македонија се добива чуство на паралелно, поделено опшество – партиско-политичко и граѓанско општество. Граѓанските организации можат да се вклучат и самите преку свои кандидати или со учество на избори.

Western Balkans Summit Vienna 2015 – Civil Society Forum (Full length video) from ERSTE Stiftung on Vimeo.

Во своето понатомошно излагање, Дона Костуранова говореше за правото на организирање и вклученост на младите, предизвиците на Македонија со избрзани реформи во образованието и невработеноста на младите.

Како дел од форумот на граѓанско општество покрај Дона Костуранова учествуваа и преставници од македонските граѓански организации и универзитети: Бојан МаричиќМалинка Ристевска-ЈордановаТања Хефнер АдемиТамара ЧаусидисСашо ОрдановскиДраган ТевдовскиДане Талески и Елена Ставреска, кои работеа на акциски планови, дискутираа за заложбите и следните чекори на Берлинскиот процес.

На Самитот на Западен Балкан во Виена учествуваат голем број шефови на држави-членки на Европската унија, како и на земјите од Југоисточна Европа. Тоа е продолжение на „Берлинскиот процес“, кој беше започнат од страна на германската канцеларка Ангела Меркел за да се покаже понатамошната политичка посветеност на идното проширување на Европската унија кон Западен Балкан.

Сподели