Барај
Close this search box.

[Јавен настан] Приклучи се и ти, информирај се!

Иницијативата за формирање на локален младински совет во Неготино на 05 јуни во 13:00 часот, на градски плоштад Неготино и Блу Кафе организира јавен настан „Приклучи се и ти, информирај се!“,   дел од проектот “Развој на локално младинско учество и локални младински политики ”, финансиран од страна на Европска Унија (Регионална ИПА програма), а е воден од Младински образовен форум (МОФ) и Центар за меѓукултурен дијалог (ЦИД). Една од 12те општини во кој овој проект се спроведува е и општина Неготино.

Настанот ќе се одржи на плоштад Неготино и во Блу Кафе Неготино на 05 јуни 2014 година, со почеток во 13:00 часот, и ќе започне со саем на младинските организации во Неготино, преку кои младите ќе можат да се запознаат подобро со нивната работа и да се приклучат. Настанот ќе продолжи со панел дискусија на тема „Младинско учество во Неготино“ и креативна работилница „Што сакам во Неготино?“ во Блу Кафе.

Агенда

13:00-14:00         Штандови на младински организаци (@Плоштад Неготино)
14:00-15:00         Панел дискусија „Младинско учество во Неготино“
15:00-15:30         Коктел
15:30-17:00         Мини-симулација на Локален младински совет
17:00-17:30         Работилница: „Што сакам во Неготино?“
17:30-18:00         Затворање на настанот

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (Регионална ИПА програма).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: