Студенти и студентки, колеги и колешки!
Младински образовен форум ве поканува да учествувате на првото студентско шоу кај нас заедно со водителот Огнен Јанески.
На 05.06 (среда) на платото пред УКИМ и 06.06 (четврток), на платото кај Машински факултет, од 11 часот, во импровизираното студио ќе се зборува за голготите со кои се соочуваат македонските студенти и за скриените патчиња на факултетските лавиринти. На настанот ќе имате можност да ги кажете проблемите со кои се соочувате како академски граѓани, но и да понудите интересни креативни решенија за подобро обазование.
Воедно ќе биде поставено и стрип пано пред кое ќе може да се фотографирате како студентски лидер, како и да испишете порака што би направиле ако сте дел од студентската организација која е претставник на сите студенти.
За сите оние кои не се плашат да говорат и кои имаат што да кажат на оваа тема, ќе бидат поделени торбички и маички со креативни натписи.