Барај
Close this search box.

[Јавен настан] Во Центар сакам… #ВоЦентарСакам #МладиВоЦентар

На 5ти јуни, со почеток во 19 часот, кај споменикот на Мајка Тереза на улица „Македонија” иницијативата за основање на локален младински совет организира настан „Во Центар сакам“ преку кој младите од Општина Центар на креативен начин и различни активности ќе можат да кажат и покажат што сакаат во Општина Центар. Оваа акција е дел од проектот “Развој на локално младинско учество и локални младински политики ” на Младински образовен форум и Центар за меѓукултурен дијалог, финансиран од Европската Унија.

На настанот ќе има поставено табла со мапата на општина Центар на која младите ќе можат да ги означат местата на кои тие би сакале да се направи нешто. Дополнително, ќе биде поставено и платно со социјални мрежи (Инстаграм и Твитер) на кој ќе бидат прикажани сите постови со хаштагот #ВоЦентарСакам и #МладиВоЦентар. Преку овие активности младите ќе имаат можност да ја покажат својата креативност, но и да кажат што тие посакуваат во општината во која живеат. 

Линк до ФБ настан

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (Регионална ИПА програма).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: