Младински образовен форум (МОФ) објавува јавен повик за набавка на ново патничко возило со најповолна цена и квалитет за потребите на Pop-Up Корнерот во рамки на проектот „Американски катчиња во Северна Македонија“.
За проектот: Проектот „Американски катчиња во Северна Македонија“ ќе ги задоволи потребите за теренски активности преку кои поширока група млади луѓе ќе бидат насочени за зголемен пристап до неформална едукација, иновација, инспирација и култура.
За понудата: Понудувачот треба да креира понуда за патничко возило со најповолни цени и квалитет сè со цел планираните активностите на Pop-up корнерот да бидат квалитетно и навремено реализирани. Патничкото возило ќе се користи за пренос на материјали, опрема, инвентар, реквизитти и сл.
Специфични барања:
- Возилото да биде со поголем простор за можност за пренос на материјали;
- Возилото да не биде произведено од руска автомобилска индустрија;
- Целосната сума на патничкото возило да не ја надминува сумата од $20,000 во денарска противвредност;
- Возилото да биде со 5 врати.
Избор на понудата:
Изборот на најсоодветната понуда ќе се врши врз основа на оценување. Оценувањето на понудите ќе се врши од страна на комисија креирана од Младински образовен форум која ќе ги оценува со поени од 1 до 5. Понудата која ќе освои најголем број на поени ќе биде таа што ќе биде прифатена.
Инструкции за достава на понудата:
Понудата треба да се достави во соодветна форма т.е. на меморандум од компанијата – понудувач, изработена на македонски јазик во 3 (три) примероци. Цените на услугите треба да бидат наведени во македонски денари со вклучен ДДВ.
Понудата треба да содржи печат и потпис од одговорно лице и да биде доставена во затворен плик, адресиран согласно подолу наведеното:
Назив: Јавен повик за набавка на ново патничко возило
Младински образовен форум (МОФ)
Ул. Дренак 34/а
1000 Скопје
Р. Северна Македонија
Рок за достава на понудите: до 26.12.2022 (понеделник) до 17:00 часот.
Отворањето на понудите ќе се врши на 27.12.2022 година, во 15:00, во просториите на Младински образовен форум од страна на тричлената комисија.
На понудувачите не им следат надомести за трошоци или компензација за трошоци кои настанале за време на изработката и доставата на понудата.
Понудувачите можат да испраќаат прашања поврзани со барањето за достава на понуди и спецификацијата на услуги на следните мејл адреси: info@mof.org.mk и ilina_pophristova@mof.org.mk, или на телефонскиот број 075/421-474 најдоцна до 26.12.2022 до 15:00 часот.