Јавен повик за учество во „трката“ за „МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“

Младински образовен форум (МОФ) објавува јавен повик за сите млади поединци и групи на возраст од 15 до 30 години од Македонија кои активно се занимаваат со медиуми, новинарство или медиумска писменост, да се пријават за „МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“. 

Избери една од темите:

  • Улогата на младите на Западен Балкан – Истражи и прикажи како младите придонесуваат кон општествените промени и регионалната соработка, со кои предизвици се соочуваат и како можат да ги искористат постоечките можности. Креирај креативен медиумски производ што ќе ги прикаже нивните искуства и идеи.
  • Иновативен пристап кон медиумската писменост и дигитален активизам – Истражи како младите можат да користат дигиталните платформи за критичко размислување, информирање и иницирање општествени промени. Создај мултимедијален производ што ќе поттикнува одговорно користење на медиумите, препознавање дезинформации и активна онлајн граѓанска ангажираност.
  • Интеркултурен дијалог – Истражи како младите од различни култури и етнички заедници во Западен Балкан градат мостови на соработка, разбирање и солидарност. Креирај мултимедијален производ кој ќе ги прикаже нивните приказни, иницијативи и успешни примери на културна размена и заедничко дејствување.

Пријави се со:

  1. Труд во кој било мултимедијален формат – подкаст, есеј, напис, мим, видео, фотографија или кој било друг формат. Право на учество имаат поединци или групи на возраст од 15 до 30 години од Македонија
  2. Испрати ја пријавата на мејлот: info@mof.org.mk со назнака „Апликација за МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“, најдоцна до 20 февруари  2025 година, до 23:59 часот.

Ќе се оценува:

  • Оригиналност и иновативност на мултимедијалниот производ,
  • Релевантност на темата медиумска писменост,
  • Влијание врз заедницата и публиката,
  • Квалитет на производот и содржината.

Победникот/победничката ќе добие:

  • Признание и плакета МОФ за медиумска извонредност,
  • Објава на трудот на платформите на МОФ,
  • Парична награда во износ од 24.000 денари.

Победниците ќе бидат известени преку е-пошта до 20 февруари  2025 година. Резултатите исто така ќе бидат објавени на веб-страницата и социјалните мрежи на МОФ. За сите дополнителни прашања, може да нѐ контактирате на мејлот info@mof.org.mk со назнака „Информации за МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: