Барај
Close this search box.

[Јавна дебата]: Етничката дискриминација како пречка за социјална интеграција на младите

На 13.05.2011 година во 13:30 часот  во просториите на дебатната сала во Ректоратот на Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа јавна трибина на тема „Етничката дискриминација е пречка за социјална интеграција на младите“, организирана од Ромаверзитас и  Младински образовен форум.

На оваа трибина говореа:
·   Ајет  Османовски – Проектен коодринатор на Ромаверзитас / ФИООМ
·   Проф. д-р Јонуз Абдулаи – Универзитетски професор на Универзитетот на Југоисточна Европа
·   Борислав Павлоски – Претседател на Центарот за демократски развој и интеграција/регионален координатор на МОСТ
·   Бурим Реџепи и Ненад Матевски, дел од вербал-кластерот од проектот ,,Младинска независност“

Дел од аргументацијата на трибината беше претставена преку следните заклучоци:
–    дека постојат проблеми во општина Тетово во поглед на ова прашање,
–   дека потребно е воспоставување на институционални механизми за регулирање на овој проблем, односно потребно е да се работи со младите уште од најраната возраст
–    Универзитетот на Југоисточна Европа претставува најдобар пример за непостоење на етничка дискриминација и пример како треба да се функционира во едно мултикултурно општество

На  трибината повеќе студенти разговараа меѓусебе за фактичката состојба на меѓуетничките односи во нивните Универзитети и како истата да се подобри преку учество со свои критики и препораки. На темата “Етничката дискриминација е пречка за социјална интеграција на студентите“ студентите имаа можност да дискутираат за прифатеноста на разликите помеѓу младите, колку етничката дискриминација е причина за социјална исклученост на студентите, дали ова е единствената причина за недоволната толеранција помеѓу студентите.

Оваа трибина е дел од проектот „Толеранција кај студентите“ чија цел е да ги анализира меѓуетничките односи во високото образование во Република Македонија, во склоп на кој Ромаверзитас во соработка со Младински образовен форумја реализираше јавната трибина со која се потикна критичкото мислење кај младите студенти

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: