[јавна дебата] Етничките поделени објекти (не) ја попречуваат интеграцијата

„Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието“ спроведен од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование ја организира јавната дебата на теза „Етничките поделени објекти (не) ја попречуваат интеграцијата“. Јавниот настан е дел од циклусот дебати кои се наречени „Дебати за интеграција во училиштата“. Дебатните клубови како дел од проектот ќе организираат 8 јавни дебати во општините: Штип, Кичево, Кратово, Куманово, Струга, Чаир, Центар и Велес.

Јавната дебата се одржа во Зградата за Општествени дејности – Комитет Куманово“ каде присуствуваа професори,ученици и граѓани.

Во Куманово дебатерите поделени во афирмативен и негациски тим беа ставени во позиција да размислуваат за улогата на училиштата како катчиња за соживот и колку тие не учат да ја негуваме интеграцијата во нашата заедница. Со аргументите се прави анализа која и на краток но и на долг рок ќе ни овозможи да ја видиме состојбата во која се наоѓаме но и ќе се создаде простор каде што ќе може да се дискутира за можни решенија. Клучно е тоа што токму дебатите за интеграција во училишта ја подигнуваат свеста за потребата од дускусија на ваква тема но и директно влијаат на подобрување на комуникацијата меѓу младите од различни етнички заедница.

„Гледаме дека учениците се оптоварени со стереотипи, предрасуди, за кои постои голема веројатно дека се подржани од возрасните, особено родителите и професорите. Токму етничката самосвест е причината за целокупната поделеност и во училишта и на сите други полиња. Тука постои недостаток на самокритичност кај секој од нас, отсуство на свесност и кај учениците и кај професорите, отсуство на обуки за препознавање на овие стереотипи и предрасуди и др. Мислам дека недостатокот на физичкиот простор за да учат во исто училиште е помаргинален проблем отколку постоењето на таа етничка свест, односно самосвест во одност на другата етничка заедница. Токму затоа сметам дека овие дебати се добра основа да се започнат барем дел од овие процеси“ – сподели професорката Светлана Илиевска Алексовска.

„Се додека нема еднаквост во придобивките на системот, без разлика од кои причини, трпат самите граѓани. Мој став е дека во услови на економска сигурност, вакви проблеми и конфликти не се јавуваат. Јас лично сметам дека економскиот развој е излез од оваа ситуација во која се наоѓаме. Економијата нуди можност за вработување, соработка, синергија, а во крајна линија трајно поврзување на етникумите“ – изјави професорот Фатри Салиу.

Членовите на Дебатниот клуб веќе неколку месеци учествуваат на дебатни турнири, имаат редовни неделни предавања за дебата каде што стекнуваат ораторски вештини, ги зголемуваат своите аналитички способности и се дружат со своите врсници, припадници на различни етнички заедници и култури.

Оваа активност е реализирана во соработка со организацијата Младински образовен форум која цели кон подобрување на културата на дијалог, зајакнување на нивото на аргументираното говорење, поттикнување на општествена дискусија на релевантни теми и интеграција во општеството.


„Projekti I USAID për integrim ndëretnik në arsim “ I implementuar nga Qendra maqedone për arsimim civil organizoi debatin publik në tezën „ Objektet e ndara në bazë etnike (nuk) e pengojnë integrimin”. Evenimenti publik është pjesë e ciklit të debateve të ashtuquajtura “ Debate për integrim në shkolla”. Klubet debatuese si pjesë e projektit do të organizojnë 8 debate në komunat : Shtip, Kërҫovë,Kratovë, Kumanovë, Strugë, Ҫair, Qendër dhe Veles.

Debati Publik u realizua në Komitetin e Kuamanovës ku morrën pjesë profesorë, nxënës dhe qytetarë.
Në Kumanovë debatuesit të ndarë në ekipin afirmativ dhe negativ ishin të vënduar në pozicionin të mendojnë për rolin e shkollës si shtyllë kyҫe e bashkjetesës dhe sa ata na mësojnë të ndejkim integrimin në shoqërinë tonë. Me argumentet bëhet analizë afatgjate ashtu edhe afatshkurte për të na mundësu ta shikojmë gjendjen të cilën gjindemi por edhe do të na mundësojë hapësirë për të diskutuar për zgjidhje eventuale. Moment kyҫ është ajo që debatet për integrmin e shkollave ngrisin vetëdijen për nevojën e diskutimit për kësi lloj temash por edhe drejtpërdrejt ndikon në përmiësimin e komunikimit të të rinjëve nga bashkësitë e ndryshme etnike.

„Shohim që nxënësit janë të ngarkuar me stereotipe, paragjykime në të cilën egzsiton shansë e madhe që këto gjëra të jenë të mbështetur nga nga të moshuarit, posaҫërisht profesorët dhe prindërit. Pikërisht barrierat etnike janë arsyea për ndarje në të gjitha fushat mes nacionaliteteve të ndryshme. Këtu egziston edhe mungesa e vetëkriticizmit te secili prej neve, mungesa e vetëdijes edhe te profesorët edhe te nxënësit , mungesë e trajnimeve të identifikimit të këtyre stereotipeve dhe paragjykimeve.Mendojë që mungesa e hapësirës fizike për të mësuar nxënësit në një hapësirë është një problem më margjinal se sa egsizitimi I barrierave etnike ndaj etnikumit tjetër. Pikërisht për atë arsye mendojë që këto debate janë pikënisje kyҫe për fillimin e këtyre proceseve” tha profesoresha Svetllana Ilievska

„Derisa nuk ka barabartësi të benefiteve të sistemit, pamvarësisht arsyeve, pësojnë vetë qytetarët. Qëndirmi im është se në kushte të sigurisë ekonomike, kësi soj probleme dhe konflikte nuk paraqiten. Pesonalsiht mendojë që zhvillimi ekonomik është dalje nga kjo situatë në të cilën gjindemi. Ekonomia e shëndoshë mundëson punësimin, bashkëpunimin, sinegjinë, dhe në linjë përfunidmtare ndërlidhjen e etnikumeve “ – deklaroi professor Fatri Saliu.

Anëtarët e klubit debatues muaj me radhë marrin pjesë në turne debatuese, kanë ligjerata të rregullta javore ku përfitojnë shkathtësi oratorike, rrisin shkatësitë analitike dhe shoqërohen me shokë të etniteteve të ndryshme.

Ky aktivitet është I realziuar në bashkëpunim me Forumin Edukativo-Rinor që ka për qëllim përmirësimin e kulturës nëprmejt dialogut, përforcimin e nivelit të fjalimit argumentues, shtytje të diskusionit shoqërorë në tema relevante dhe integrim të shoqërisë.

Сподели