Младински образовен форум и Општина Карпош ве покануваат на Јавна дебата:
Kаква општина им треба на младите? Какви млади и се потребни на општината?
Анализа на статусот на младите и важноста од нивно вклучување во процесот на донесување одлуки
Јавната дебата ќе се одржи во среда, 26.10.2011 во хотелот Александар Палас со почеток во 12:30 часот.
Дискусијата ќе биде насочена кон следниве прашања:
– Колку младите се вклучени во работењето на општината и колку се информирани за нејзините активности?
– Како да се воспостави институционален дијалог помеѓу младите и општината?
Говорници на трибината:
– Дебатери од Младински образовен форум
– Претставник од Општина Карпош
– Претставници од младински организации
Jавната дебата и проектот „Фестивал на јавни дебати“ е поддржан од Општина Карпош