Јавна дебата: Какво е нивото на квалитет и етика на комуникација кај младите?

Младинскиот образовен форум ве поканува на јавна дебата на тема „Какво е нивото на квалитет и етика на комуникација кај младите?“ која ќе се одржи на 9.11.2010 (вторник) во Американскиот Корнер- Скопје, библиотека браќа Миладиновци, со почеток во 12 часот.

Говорници на дебатата ќе бидат: Сеад Џигал, Катерина Тодоровска, Билјана Бејкова, Бисерка Велковска, Петар Ѓошев, Петрит Сарачини.

Дел од прашањата на кои ќе се отвори дискусија се:
– На кое ниво е комуникацијата на младите во јавните и образовните институции?
– Како се одразува нивото на писменост на младите врз нивната вклученост во општествениот и јавниот живот?
– Како влијае ширењето на новите медиуми врз нивото на квалитетна комуникација кај младите?

Ве покануваме да земете учество на оваа дебата, и да ги искажете и вашите ставови.

Дебатата е организирана во склоп на проектот Младинска независност.
www.nezavisnost.org.mk

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: