[Јавна дебата] „Кампања наспроти високи казни за поголема еко свест“

Денес во ЕУ инфо центарот во 14:00 часот се одржа јавна трибина „Кампања наспроти високи казни за поголема еко свест“ организирана од Младински образовен форум.
На јавната трибина говореа:
Елена Игнатова (Фондација Метаморфозис), Антонио Јовановски (Гоу греен), Кирил Арсовски (Истражувачко друштво на студенти биолози) и дебатери од Младински образовен форум.

Според дел од говорниците казните се потребни за  граѓаните да развијат свест за своето однесување и да го променат,  наспроти другите говорници кои тврдеа дека кампањите се подобра мерка која би дејствувала превентивно.

 ,,Постарите генерации, нашите родители се оние кои треба да бидат присутни на оваа дебата. Сметам дека тоа се генрациите на кои треба да им се развие еко свеста.  Се започнува со воспитувањето на детето дома. Чуството на одговорност дома  се постигнува со воспитни мерки и казни од страна на родителите.   Потоа ова исто чуство се пресликува и во  однесувањето кон околината и животната  средина, а е санкционирано од страна на државата со закони и казни“  рече Антонио Јовановски од Гоу грин.

Елена Игнатова изјави: ,,Се согласувам во однос на казните, меѓутоа сметам дека мора да има најпрвин кампањи, а потоа казни. Во РМ нема доволно закони кои предвивуваат санкции за електронскиот отпад. Неможе да се казнува за нешто што не е доволно регулирано.  Во моментот постои мрежа од 13 НВОи кои работата на развивање на свеста да не се фрлаат електронски уреди во контејнери.  Според мене суштински е да постојат кампањи за едукација бидејки така ќе се заштитиме самите себе, а најпосле  да се применуваат казни.“

Во Македонија нема проблем со еко свест или свест, туку има проблем со елементарни непознавања во овие области.  Во РМ постојат 40 НВОи за развивање на еко свеста, три платфроми, коалиции од 50 организации кои спроведуваат бројни кампањи. Но сите тие имаат ХИВ ефект – тоа значи дека кога се нуди кампања, мора да се работи на последиците по кампањата. Не  е доволно само да се зборува на темата, да се трошат средства и ресурси а свеста да не се промени. Кампањите мора да бидат конкретни и практични. Најдобар слоган за кампања е ,, Тревата моли, не гази ја боли“. За казните не би зборувал тоа е политика. Би цитирал еден државен преставник кој рече ,, Ако мислиш на екологија ништо од бизнисот“ изјави Кирил Арсовски од ,,Истражувачко друштво на студенти биолози“. Трибината беше посетена од  НВО активисти, средношколци и граѓани. Оваа дискусија е неисцрплива, а прашањата од гостите беа  многубројни.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: