Ни претставува чест да Ве поканиме на јавната дебата „Кампањa наспроти високи казни за поголема еко свест кај граѓаните“ која ќе се одржи на 29 ноември 2011 (вторник) со почеток во 14:00 часот во просториите на ЕУ инфо центар во Скопје.
Настанот има за цел да поттикне дискусија за различните пристапи за зголемување на свеста на граѓаните за заштита на животната средина во Македонија и ЕУ. На дебатата ќе се презентираат и анализираат практиките во Македонија и Европа, законските регулативи и граѓанските иницијативи.
На настанот учество ќе земат: Елена Игнатова (Фондација Метаморфозис), Антонио Јовановски (Биди зелен), Кирил Арсовски (Истражувачко друштво на студенти биолози) и дебатери од Младински образовен форум.
Гостите говорници ќе дадат свое мислење на темата и ќе ги споделат своите искуства со различни проекти и инцијативи во оваа област.
Публиката на настанот ќе има можност да ги сподели своите ставови или да постави прашање на гостите говорници.