Јавна дебата – Овој дом верува во политиките на Маргарет Тачер

На 20 јуни во Old School се одржа јавна дебата на тема „Овој дом верува во политиките на Маргарет Тачер“. На дебатата земаа учество предавачи по дебата од Младински образовен форум.

Тимот кој ја бранеше тезата, составен од Стефан Ристовски и Атанас Димитров, аргументираше дека основен двигател на една економија е степенот на инфлација и дека поранешната премиерка на Велика Британија имала целосно право при спроведување на нејзините политики, кои многумина ги сметаат за непопуларни. Противничкиот тим го сочинуваа Стефан Алексиќ и Томислав Тодоровски, кои ја бранеа страната дека политиките на Тачер направиле повеќе штета отколку корист и дека се апсолутно погрешни. Главен аргумент на нивната страна беше дека политиките на Тачер биле насочени да ги заштитат малкуте богати во Велика Британија, а дека целиот товар на развојот на економијата има паднато врз работничката класа и дека токму тоа не смее да се дозволи во ниедна држава.

Публиката на оваа дебата зема учество со прашања и коментари во текот на говорите на секој од говорниците, што ја направи дебатата забавна за сите кои што дојдоа.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: