Јавна дебата: Сајбер просторот – промотор на слобода на изразување или говор на омраза

НВО Инфоцентарот, во соработка со Младинскиот образовен форум (МОФ), Ве поканува да учествувате на дебатата: „Кибер просторот – промотор на слободата на изразување или на говорот на омразата“, која ќе се одржи на 17 ноември (среда), со почеток во 11:00 часот, во Американското катче, во градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Младите дебатери на МОФ, заедно со гостите-панелисти ќе дискутираат за предизвиците шти ги носат новите комуникациски алатки, особено од аспект на почитувањето на правото на слобода на изразување. Исто така, учесниците во дебатата аргументирано ќе дискутираат за тоа дали и колку постои говор на омраза  во социјалните мрежи шти ги користат младите, и дали младите можат да го препознаат и да се заштитат од говорот на омразата. Гости-панелисти на дебатата: „Кибер просторот – промотор на слободата на изразување или на говорот на омразата“, се: Ирена Цветковиќ, блогерка, колумнистка и ативистка; Сеад Џигал, комуниколог; Роберто Беличанец, Центар за развој на медиуми; Филип Стојановски, Метаморфозис и Марјан Забрчанец, Младински образовен форум.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: