На ден 27.05.2010 (четврток), во холот на СУГСГ „Јосип Броз – Тито“ – Скопје, во 11:00 часот ќе се одржи јавна дебата, организирана од страна на членови на Младински образовен форум како завршна активност на младите дебатери кои од септември 2009 ги посетуваа предавањата по дебата. Оваа дебата е со цел да се поттикне критичкото и рационално размислување кај учениците, да го промовира неформалното образование, како и активностите на Младински образовен форум. Овој настан ќе биде медиумски подржан, и на него ќе присуствуваат претставници на најразлични организации и амбасади.
Темата на која ќе се дебатира гласи: “Слабата иницијатива за поголема општествена активност води кон пасивна младина”. Ја одбравме оваа тема, бидејќи е дел од нашето секојдневие, и со цел да ги заинтересираме младите да се вклучат во акции и организации кои се занимаваат со воншколски активности. Дебата е отворена за јавноста и сите заинтересирани може да присуствуваат.