Барај
Close this search box.

Јавна дебата во Тетово за ефектите од екстерното тестирање

Јавна дебата во Тетово за ефектите од екстерното тестирањеВо канцеларијата на Младинскиот образовен форум во Тетово ќе се одржи презентација на резултатите од истражување спроведено во сите средни училишта од Тетово за екстерното тестирање, по што ќе следи и јавна дебата за ефектите од екстерното тестирање.

Ова истражување кое беше спроведено пред почетокот на екстерното тестирање произлезе како иницијатива на членовите на дебатните клубови во Тетово, кои исто така беа вклучени во неговата реализација.

Презентацијата ќе се одржи на 25 јуни(вторник) со почеток во 12 часот. Присутните гости ќе имаат можност да се вклучат во дебатата со прашања и коментари во текот на говорите.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: