Јавна дебата: “Во време на меѓународна бегалска криза Овој Дом би ги отворил границите за бегалците”

Младински образовен форум во соработка со Универзитетот ФОН на 19 ноември организираше јавна дебата на темата: „Во време на меѓународна бегалска криза овој дом би ги отворил границите за бегалците“.Дебатата која се одржа во просториите на Универзитетот имаше за цел да ги запознае студентите со форматот во кој дебатираат сите студентски клубови на МОФ и клубовите ширум светот.Идеата за овој формат е од начинот на работа на Британскиот Парламент па од таму и називот – Британска Парламентарна Дебата.

Бранејќи ја тезата и давајќи аргументи против идеата да се отворат границите за бегалците, дебатерите на студентската дебатна програма им презентираа на присутните во редовите на публиката како на секоја теза се пристапува од повеќе аспекти .
Соработката на Младински образовен форум и Универзитетот ФОН и натаму продолжува. Имено, од наредната недела започнува да функционира студентскиот дебатен клуб во просториите на ФОН.
Еднаш неделно, сите заинтересирани студенти  ќе можат да слушаат бесплатна обука за дебата и аргументирано изразување.Освен неделни предавање, годишниот курикулум ќе понуди и многу дебатни турнири како и предавања од професори и експерти.

Сите студенти од било кој факултет се добредојдени да земат учество во активностите на овој дебатен клуб.

Ве очекуваме !

дебатниот клуб на Универзитетот ФОН е поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско општество

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: