Јавна трибина: „Слободниот пристап до информации од јавен карактер како инструмент за транспарентност и информирање на студентите “

Правната клиника за слободен пристап до информации од јавен карактер во соработка со Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии со задоволство ве поканува на трибина  на тема „Слободниот пристап до информации од јавен карактер како инструмент за транспарентност и информирање на студентите “ која ќе се одржи на 17.11.2010 (среда) во барака 2 на Факултетот за Електротехника  и Информациски Технологии (ФЕИТ), со почеток во 11 часот.
Говорници на дебатата ќе бидат: м-р Розита Петринска- координатор за информации од јавен карактер на ФЕИТ, Симона Трајческа – заменик студентски правобранител и Атанас Димитров- асистент за односи со јавноста на правната клиника.

Дел од прашањата кои ќе се разгледуваат на трибината се:Што е пристап до информации од јавен карактер?

  • Кој може да поднесе барање за информации од јавен карактер?
  • Кои информации можат да се побаарат?Како се поднесува барање за информации од јавен карактер?
  • Какви се искуствата на ФЕИТ со слободата на информирање?
  • Кои се искуствата и препораките на МОФ во однос на факултетот и слободата на информирање?
  • Дали студентите можат лесно да ги најдат сите информации на факултетот?
  • Колку Студентските служби – Студентски прашања, студентскиот правобранител, студентскиот парламент придонесуваат за информираноста на студентите?
СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: