[Јавна трибина] „Студентите и академската заедница против дискриминацијата“

На 29 ноември (петок), со почеток во 12 часот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе се одржи јавна трибина организирана од Коалиција за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници и Младински образовен форум [МОФ] на тема „Студентите и академската заедница против дискриминацијата-политики за антидискриминација на УКИМ“.

На трибината ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето кое го направија МОФ и Коалицијата, а кое има за цел да ги испита облиците на дискриминација кои ги искусуваат студентите за време на своите студии, како и нивната запознаеност со поимот на дискриминација и правните акти кои нудат заштита од дискриминација.

Воедно, на оваа трибина ќе биде промовирана публикација во која ќе бидат објавени резултатите добиени од истражувањето, како и компаративна анализа на правни акти и странски искуства во превенирање на дискриминацијата во високото образование.

На јавната трибина ќе говорат: Гордана Бужаровска, продекан на Правниот факултет „Јустинијан Први“; Владимир Трајковиќ, продекан на ФИНКИ; Претставник на Комисија за заштита од дискриминација; Жарко Трајановски, Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници; и Александра Живковиќ, МОФ.

Модератор на дискусијата ќе биде Петар Димитров, Правен факултет „Јустинијан Први“.

Дел од прашањата кои ќе бидат покренати се актуелизација на телата кои можат да понудат заштита од дискриминација на студентите, потребата од промовирање на акти со кои би се заштитиле студентите, но и академскиот кадар од дискриминаторски односи, и потребата од активно вклучување на државните институции во промовирање на антидискриминатторски политики во високото образование.

Линк до ФБ настан

Сподели