Барај
Close this search box.

Јавна трибина „Студентското организирање како преуслов за квалитетно високо образование”

Младинскиот образовен форум ве поканува да го проследите настанот кој има за цел да понуди конструктивна дискусија за студентското организирање и учество во Р. Македонија. Настанот ќе се одржи на 23.09.2015 (вторник), со почеток во 11.00 часот, на платото на УКИМи е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

Јавната трибина ќе започне со презентација на наодите од анализата за „Студентско организирање и учество во Република Македонија”, од страна на претставник на Младински образовен форум.

Поканети говорници за оваа панел дискусија се: Проф.Д-р. Димитар Гелев [професор на  Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје]; Ивана Туфегџиќ [претставник од Студентскиот пленум]; Александар Стојановски [поранешен студентски активист].

Во изработената анализа се дискутираат учеството на студентите во универзитетските и факултетските тела, организациската поставеност и работата на студентските парламенти на сите државни универзитети во Република Македонија. Публикацијата ги дискутира и формите на организирање на матичните факултети на УКИМ и европските практики.

На настанот е дозволено видео и аудио снимање. Говорниците на трибината ќе бидат достапни за изјава 15 минути пред почетокот.

Повеќе информации на https://www.facebook.com/events/1499082950408057/

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: