Барај
Close this search box.

Јавни дебати на патронатот на „Орце Николов“

Годинава Скопската Гимназија „Орце Николов“ одбележува 60 години од своето постоење и по тој повод наредната недела учениците ќе имаат разни активности во рамките на прославата.
Како дел од активностите кои се целосно организирани од учениците, предвидени се јавни дебати и неколку работилници за кои подготовките започнаа уште оваа недела.Имено, предавачите по дебата од Младински образовен форум одржаа неколку работилници за дебата и аргументација.

На јавната дебата ќе учествуваат ученици кои доаѓаа на работилниците по дебата, тие заедно со своите ментори ќе направат случаи „за“ или „против“ тезата која ќе ја изберат организаторите на настанот а е моментално релевантна за нашето општество.

Ве поканувам да учествувате на овој значаен настан за учениците од „Орце Николов“ и заедно да ги проследиме подготвените содржини.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: