Во вторник, 31-ви март, со почеток во 19:00 часот во просториите на Младински образовен форум – Тетово ќе биде прикажан документарно-репортажниот филм: „Каде се младите во Тетово?“. Филмот е производ од двомесечните работилници каде што членовите на Медиа/Арт клубот работеа на модулот Документарен филм. Целта на филмот е подигање на свеста на младите за нивниот стандард на живот и за проблемите кои ги засегаат во градот. Во филмот се обработуваат теми поврзани со недостаток од културен живот на младите во Тетово, неквалитетен ноќен живот, немање на соодветни услови за спорт и рекреација. По проекцијата на филмот ќе биде отворена дискусија поврзана со проблематиката на филмот. Модератор на настанот ќе биде професорката Наташа Петровска.
СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
28/10/2024
23/09/2024