Како да напишете приговор на оценката од екстерно тестирање?

Екстерното оценување заврши. Според информациите презентирани во јавноста различни училишта имаа различни искуства во спроведувањето на тестирањето. Во некои помина без посериозни проблеми, а во некои со низа недостатоци и технички пропусти.

По објавување на резултатите, учениците ќе може да увидат дали навистина оценката на тестот доследно го преставува знаењето кое го демонстрирале за време на полагањето или пак можеби поради пропусти и грешки, тие се оштетени.

Наше е да информираме дека на учениците кои сметаат дека се оштетени, Законот им го дава правото на приговор против објавените резултати. Во случај на незадоволство и одлука да реагирате, ви ја претставуваме процедурата на испраќање приговор.

Напоменуваме дека оценките од добиените резултати ќе станат дел од сведителствата на учениците и ќе влијаат врз нивниот успех, исто онака како што ќе влијаат и врз платите на професорите во случај да покажат објективност, односно необјективност во оценувањето.

Тука можете да симнете предлог-приговор кој може да биде поднесен од ученик или родител.

Сподели