Како да се заштити заштитетното? предавање во рамки на Разбистри се’!

На 25.02.2021 се одржa второто предавање во циклусот онлајн предавања за Заштита на животната средина со наслов „Охридско езеро – како да се заштити заштитеното?“. Нашиот предавач беше Кирил Арсовски Пржо, биолог и уредник на порталот Doma.edu.mk. На предавањето присуствуваа 35 учесници кои дознаа повеќе за состојбата на Орхидското езеро и неговото крајбрежје.

Кирил зборуваше за историјата  и важноста на Охридското крајбрежје. Се истакна загрозеноста на езерото како продукт од повеќе фактори. Најголемиот фактор којшто се презентираше беше урбанизацијата на крајбрежјето која влијае на водниот екосистем.

На крајот на предавањето се отвори дискусија каде меѓу другото се спореди и состојбата на Охридското езеро со останатите природни езера во Северна Македонија. Додатно, се разговараше за иднината на Охридското езеро по излегувањето на истото од заштитената листа на УНЕСКО.

Сподели