На 16ти и 19ти август се спроведе августовската сесија од екстерното оценување, каде беа тестирани околу 4000 ученици кои не ја исполниле обврската во јунската сесија.
По тој повод, МОФ ги потсетува основците, средношколците и нивните родители дека имаат законско можност за поднесување на приговор, доколку се незадоволни и обесправени со оценката која ја добиле од екстерното тестирање.
Со поднесување на овој приговор, ќе може да се изврши увид во тестот, по што доколку прговорот е основан би можело да се интервенира во оценката.
МОФ ги повикува учениците и родителите приговорите да ги доставуваат до Училишната испитна комисија и до Државниот испитен центар, без разлика дали тие се однесуваат на оценката од екстерното тестирање или на нерегуларности и технички пропусти при спроведувањето на тестирањето.
Постапката за поднесување на приговор, како и предлог формулар за приговор, можете да најдете на следниот линк.
Екстерното тестирање кај учениците од основните и средните училишта во јунската сесија беше проследено со бројни нерегуларности од законски и технички карактер за кои Младински образовен форум во јавноста презентираше анализа и препораки до надлежните институции и побара оваа година тестирањето да се прогласи за пилот.